21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБрзо до заводлива фигура: Овие 3 активности согоруваат калории

Брзо до заводлива фигура: Овие 3 активности согоруваат калории

tancuvanje

Не сакате да трчате? Нема врска, бидејќи овие три активности се подобри од трчањето.

Пешачење

Пешачењето е неправедно потценета вежба и многумина мислат дека нема никаков учинок. Меѓутоа, со пешачењето и брзото одење ќе потрошите еднакво или дури и повеќе калории отколку со трчањето. На овој начин ќе го зајакнете кардиоваскуларниот систем, ќе ја подобрите циркулацијата и ќе потрошите поголема количина калории. Направете 10.000 чекори дневно и сте направиле многу за своето срце и за целокупниот организам.

Пливање

Пливањето е вежба со која го активирате речиси секој мускул. Ова исклучително добра рекреација го истегнува вашето тело, го зајакнува рбетниот столб и согорува калории. Пливањето и активностите во вада се исклучително добра терапија како за телото така и за умот. Водата опушта и смирува, па делува и како анти-стрес  терапија.

Танцување

Танцувањето е забавно, но и многу делотворно кога станува збор за вашата фигура. Пронајдете музика која ви се допаѓа и започнете со танцување барем 30 минути дневно. Танцувањето ќе ви ја врати кондицијата, добро ќе ве испоти, но и ќе ве опушти и забавува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП