Оваа уникатна резиденција, која беше прикажана во ТВ серијата Нешвил, сега е ставена на продажба…
„Southern Brilliance“ имотот во Тенеси всушност е грандиозна резиденција со површина од околу 2.000 квадратни метри, сместена на 6 хектари европски инспириран имот.
Оваа вила има шест спални соби и осум бањи, вклучувајќи го и луксузниот апартман со приватна бања.
Во днвната соба на оваа вила се наоѓаат заоблените тавани „Cypress“, гломазниот камин и четири сета на француски врати кои ве водат до покриениот двор и феноменалната градина.
Инаку, оваа вила првично беше ставена на продажба со цена од околу 22,5 милиони долари, која подоцна беше спуштена на 19,5 милиони, а сега може да биде ваша за 18 милиони долари.