Опстипацијата (запекот) или лошата исхрана се најчестите причинители за надуеност во стомакот и вишокот килограми.
Сакате ли да се ослободите од ова неудобно чувство и да посегнете по вкусен напиток со кој, само со неколку голтки ќе ги решите проблемите со варењето, а ќе си овозможите чувство на ситост и задоволство.
Влакната кои се наоѓаат во овошјето и темното чоколадо, како и кофеинот го забрзуваат метаболизмот и варењето, па помагаат и при губењето на килограми.
Состојки:
1 шоља јагоди
1 шоља малини
2 лажици темно чоколадо во прав (или 2 реда)
1 шоља млеко (со намалена масленост)
1 шоља лед
Подготовка:
Состојките ставете ги во блендер и мешајте додека смесата не се изедначи. Напитокот испијте го наутро или меѓу ручекот и вечерата и уживајте во вкусен и здрав десерт кој ќе ве засити и ќе ве ослободи од надуениот стомак, а воедно и ќе ви помогне да ги намалите килограмите.