2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците си ја сакаат марката назад

Германците си ја сакаат марката назад

berlin2

Главната точка на програмата на новата германска партија – Алтернатива за Германија – е излезот на земјата од еврозоната.

Основачкиот конгрес на новата партија ќе биде одржан наскоро, а членовите на оваа партија се незадоволни што целата политичка сила во Бундестагот смета дека Германија мора да биде присутна во еврозоната.

Тие предупредуваат дека земјата на тој начин троши десетици милијарди евра за помош на југот на Европа.

Социолозите и политичките аналитичари сметаат дека програмата на Алтернатива за Германија има добри шанси да ги освои гласовите на избирачите, бидејки четвртина од Германците, како што покажуваат анкетите, сакаат враќање на германската марка.

Во меѓувреме, Чешка најави дека ќе се придружи кон еврозоната и ќе ја воведе едниствената валута, иако во Чешка има повеќе противници, отколку луѓе кои сакаат да се воведе еврото.

И Владата на Литванија неодамна го одобри акциониот план за премин на земјата на европската валута во 2015 година. Летонија планира да ја воведе европската валута во 2014, а Естонија веќе го стори тоа во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП