5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК го усогласи мандатот за преговорите за слободна трговија со САД

ЕК го усогласи мандатот за преговорите за слободна трговија со САД

ek1

Европската комисија во вторникот го усогласи предлог мандатот за водење на преговори со САД за слободна трговија и го упати на земјите членки на усвојување, кои би требало брзо да го прифатат со што би се овозможило отворањето на преговори уште пред почетокот на летото.

„Се надевам дека земјите членки брзо ќе го одобрат мандатот за да можеме преговорите да ги започнеме пред летото” изјави Карел Де Гучт, комесар за трговија на Европската комисија, која во име на земјите членки ги води преговорите.

На средината на февруари Европската унија и САД одлучија да започнат преговори за договорот за слободната трговија.

Тој договор, Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство, треба да претставува најголемиот трговски договор кој некогаш е направен.

Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство би требало да биде надвор од рамките на трговските договори со кои се отстрануваат царинските бариери и се отвора пазарот за инвестиции. Во него ќе се обидат да се усогласат прописите и стандардите за техничките производи, кои сега претставуваат најголема пречка за тргувањето преку Атлантикот.

Трансатлантските трговски односи претставуваат `рбет на светската економија. САД и Европската унија произведуваат речиси половина (47 проценти) од светскиот бруто домашен производ (БДП).

Според проценките на Европската комисија, сеопфатниот и амбициозен договор меѓу Соединетите држави и Европската унија би можел да доведе до зголемување на БДП во ЕУ за 0,5 проценти, а во САД за 0,4 проценти до 2027 година. Тоа би одговарало на износот од 86 милијарди евра годишен приход за европската и 65 милијарди евра за американската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП