26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕAmanoi Resort - место каде што се создаваат спомени (фото)

Amanoi Resort – место каде што се создаваат спомени (фото)

ama1

Сместен во бајковитото село Вин Ху во Виетнам, „Amanoi Resort“ ги спојува совршените виетнамски плажи со ненадминливиот луксуз…

Овој простор во Виетнам ќе ви прикаже неверојатни пејсажи, со бели песочни плажи и кристално чисти, сини води. „Amanoi Resort“ уште од далку делува на релаксирачко место со 31 живописен павиљон и 5 луксузни Aman вили, сместени на врвот на брдото. Тие се комбинација од модерна елеганција со витнамски стил и архитектура.

Во ова одморалиште постојат пет категории на сместувачки единици, при што секоја од нив има идеален ентериер кој совршено се спојува со опкружувањето и природната средина, нудејќи незаборавни погледи кон Вин ху заливот.

Луксузниот спа центар кој е дел од овој резорт ќе ви ги подари сите релаксирачки третмани. Вашето време можете да го поминете и покрај базенот, во прошетка по плажата или да уживате во оброкот и виното под прекрасното ѕвездено небо во Виетнам. „Amanoi Resort“ ќе направи Виетнам и вашата посета да ја паметите до крајот на животот.

ama2

ama3

ama4

ama5

ama6

ama7

ama8

ama9

ama10

ama11

ama12

ama13

ama14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП