21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо што се разликуваат 3G и 4G технологиите?

Во што се разликуваат 3G и 4G технологиите?

mrezi 3535

Со секоја нова генерација, мрежите донесуваат значително зголемување на брзината во преносот на податоци, но тоа е само дел од приказната за овие технологии. „0G“ предводникот т.н. „нулта генерација“ е поврзана за мобилните радиотелефони.

Првата генерација и натаму беше аналоген телекомуникациски стандард кој пристигна во осумдесетите години, а со текот на времето беше замената со првата дигитална технологија во „2G“ мрежите.

Комерцијално започна како „GSM“ стандард во Финска, а важните предности во дигиталниот систем беа ефикасноста, енкрипцијата и можноста за пренос на податоци, што пак доведе до можност за испраќање на текстуални (SMS), мултимедијални (MMS) и пораки со слики.

Еволуцијата на првите дигитални „2G“ системи доведе до развој на т.н. „2.5G“ (GPRS) и „2.75G“ (EDGE).

Мрежите генерациски по правило се некомпатибилни една со друга, а вреди да се напомене дека „2G“ и натаму се користи, иако бројни мобилни оператори ширум светот најавија дека полека, но сигурно ќе биде напуштена. Интересно е дека првиот „iPhone“ беше „2G“ уред, а брзината за пренос на податоци беше „мизерни“ 10-200 kbps.

Третата, денеска веројатно најпозната генерација на мобилни телекомуникациски технологии „3G“ ги задоволува основните спецификации кои ги постави „International Mobile Telecommunications-2000 ITU“ (International Telecommunications Union).

„3G“ овозможи квалитетен интернет пристап, мобилни „TV“ и видеоповици, а првите „3G“ мрежи се појавија во 1998-ма година.

Стандардниот „IMT-2000“ бараше можност за пренос на податоци од 0,2 Mbit/s. Нормално, мрежата постепено созреваше, брзините постепено се зголемува, но јасна дифиниција за максималната брзина во „3G“ мрежите никогаш не постоеше, што доведе до првите проблеми кај потрошувачите.

Имено, некои денешни „3G“ мрежи се побрзи од „4G“ мрежите, па синџирот во некоја смисла е прекинат.

„4G/LTE“ (Long Term Evolution), барем за почеток и без вложување во сложени термини и спецификации, овозможуваше пристап помеѓу 5 Mbps и 15 Mbps. Тоа што веројатно е важно е тоа дека „4G“ по правило е многу пошироко решение од претходните генерации на мобилни телекомуникациски технологии.

Додека некои „3G“ системи можат да им конкурираат на некои постари „4G“ верзии, иднината сигурно лежи во „4G“ мрежите.

Потребата за се поголем опсег на мрежи потекува од достапните технологии и сервиси, но и од желбата на потрошувачите. Денеска се популарни се апликациите за „видеостриминг“ без потреба од напредни алатки, како и апликации и игри со прилично тешки содржини.

Слична работа важи и кај фактот дека се поголем број на корисници ги користат „cloud“ системите, а големата брзина во мобилниот пристап во тој случај не им одмага.

Денеска се повеќе пазарни сегменти на мобилните уреди имаат поголема интегрираност со „4G“ поврзувањето.

Некои потрошувачи (погрешно) веруваат дека поголемата брзина по правило значи и поголема потрошувачка на преносот на податоци, но тоа не е случај кај вообичаеното користење (интернет сурфање, слушање музика, вчитување на игри и апликации).

Интернет страна од неколку мегабајти ќе потроши еднаква количина на сообраќај на мобилниот уред, а разликата помеѓу „3G“ и „4G“ е во секундите кои се потребни страницата да се отвори.

Видеосодржините веќе зависат од сервисот и квалитетот, кој корисниците сакаат да го „стримуваат“. Некои од сервисите автоматски ја препознаваат брзина која му е достапна на корисникот и се прилагодуваат на квалитетот на прикажување на содржината, а постои можност за поголема потрошувачка на сообраќај. Затоа на тој сегмент треба да се посвети посебно внимание при поврзувањето на „4G“ мрежите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП