20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо Ферари пензија за Фетел?

По Ферари пензија за Фетел?

seb verari

Трансферот од Ред Бул во Ферари е остварување на детскиот сон за Себастијан Фетел, тоа многу пати самиот го има изјавено.

Исто така, возење за истата екипа во која името на неговиот детски идол, Михаел Шумахер, е запишано со големи букви е нешто поради кое Себ започнал да се трка. Во интервју дадено веднаш по трката во Шакир, Себ се осврна и на плановите во неговиот “пост-Ферари“ живот:

„Дефинитивно Ферари ќе биде последниот тим во мојата Формула 1 кариера. Обично не гледам толку далеку во иднината, но не сум возач кој често сака да менува екипи“, беше јасен Германецот.

Потоа продолжи во исти стил за неговиот живот откако ќе заврши со тркањето:

„Нешто мора да работиш подоцна во животот за да не ти биде досадно. Што би правел со целото тоа слободно време? Не може да мируваш 30 години, тоа би била катастрофа. Јас би сакал да студирам“, заврши Себ.

На 27-ми јули тој ќе наполни 28 години. Потекнува од школата на Ред Бул за млади возачи, а кариерата ја почна во БМВ Заубер каде помина две години (2006-2007). Следните две сезони ги помина во Торо Росо, а од 2009-та до 2014-та година доминираше во Ф1 циркусот со својот Ред Бул. Во моментов се наоѓа во првата година од тригодишниот договор со Ферари. Во кариерата има 4 шампионски титули, 40 победи, 45 пол-позиции, 24 најбрзи кругови и 69 подиуми.

Извор: круг.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП