9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРајско спа искуство на Бали (фото)

Рајско спа искуство на Бали (фото)

tay1

Замислете си дека се наоѓате во „Tembok Spa Village Resort“ во мирното и скриено место каде што вашето уживање е големо…

Доживејте го ова легендарното гостопримство на Бали, каде што можете да ги пробате најразличните лековити и хедонистички спа третмани, во рајската природна околина.

СПА комплексот на одмаралиштето наречено „Tembok“ претставува изолирано парче од рајот на североисточниот брег на Бали. Се наоѓа на спротивната островска страна од Нурах Раи – интернационалниот аеродром, од каде што го дели три часовно возење низ спектакуларната тропска шума, преку вулкански области и долги песочни плажи.

Високо над тиркизното море се издига прекрасниот Вантилан ресторан, каде што гостите имаат можност да уживаат во освежувачкиот ветар, спектакуларниот видиковец и феноменалната интернационална кујна. Покрај мирната приватна плажа се наоѓа голем базен кој совршено се вклопува со бесконечниот поглед кон океанот. Тука е и современо опремената сала за вежбање и рекреација и нормално многубројните простории за СПА третмани, и останати активности како што е јогата и тај-чи.

Понудата вклучува 32 соби, прекрасно декорирани со суптилен слој на елеганција, луксуз, комфорт и традиционалниот бали стил. Секоја од собите претставува мал дел од приватниот рај, со мермерна бања и пространа тераса која ви овозможува незаборавен поглед кон прекрасното зеленило и азурното море.

Апартманите го завземаат централното место на повисоките нивоа на одмаралиштето, секој има свој посебен влез, голема тераса и базен.

tay4

tay3

tay2

tay5

tay6

tay7

tay8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП