21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаштитете се од сонцето со помош на овие намирници

Заштитете се од сонцето со помош на овие намирници

zelen-lisnat-zelencuk

Докторите велат дека сонцето во април е исто така штетно како и сонцето во август. Покрај бројните креми и лосиони со UV фактор, постојат и намирници во секојдневната исхрана кои допринесуваат во ефикасната заштита од сонцето. Издвоивме само магични топ 5 намирници!

Зелен зеленчук

Кељ, спанаќ, брокули, боранија и грашок се намирници богати со бета-каротен. Исто така, содржат и лутеин и зеоксантин кои помагаат во филтрирањето на UV дневните зраци, односно дејствуваат како природни очила за сонце.

Црно чоколадо

По долга употреба, но исклучително во мали количини, достигнува ниво на заштита кое го даваат најблагите лосиони за сончање.

Портокалово овошје и зеленчук

Морковот, слаткиот компир, мангото и кајсиите се богати со антиоксидантот бета-каротен кој ја штити нашата кожа од сонцето.

Домат

Оваа намирница ја прави нашата кожа поотпорна на сонце, а обработениот и зготвениот домат е уште покорисен отколку свежиот.

Зелен чај

Ја содржи активната состојка „epigallocatechin-3-gallate“ (EGCG), која ја штити кожата и го намалува воспалението настанато од прекумерно изложување на сонце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП