7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК покренува истрага во врска со работењето на руски Гаспром

ЕК покренува истрага во врска со работењето на руски Гаспром

Gazprom 2222

Антимонополското регулаторно тело на ЕУ оваа недела формално ќе подигне тужба против руската државна компанија Гаспром.

Европската комисија (ЕК) покрена формална истрага околу работењето на Гаспром во источните и јужните европски држави во 2012-та година, наведувајќи дека таа компанија ја злоупотребувала доминантната позиција во снабдувањето со гас во тие земји.

Комесарот за конкуренција Маргрет Вестагер во февруари рече дека е подготвена да поднесе формална тужба против Гаспром во релативно кус период.

Извор запознаен со случајот против Гаспром наведе дека тужбата е на дневен ред на состанокот на ЕК во среда и дека не очекува спротивставување.

Од друга страна, извор од Гаспром рече дека таа компанија минатата седмица покажа дека е подготвена да се реши случајот.

Формалните преговори беа прекинати минатата година откако Русија го анектираше Крим.

Случајот против Гаспром би можел да заврши со пенали против руската компанија во износ од повеќе милијарди евра.

Некои држави на Балтикот и во југоисточна Европа целосно се потпираат врз Гаспром во снабдувањето со гас, пишува Wall Street Journal и додава дека при покренувањето истрага пред две и пол години, ЕК го осомничи Гаспром за неправично работење.

ЕК испитуваше дали Гаспром ги спречувал државите да го извезуваат гасот што го купувале од оваа компанија. Исто така, испитувано е дали Гаспром некои аспекти од договорот со потрошувачите, како цените, ги поврзувал со соработка во други области, како што е изградба на нови гасоводи.

ЕК ја разгледувала праксата на Гаспром да ја поврзува цената за гасот со цената на нафтата на меѓународните пазари.

Во тој поглед преговорите се во поодмината фаза, бидејќи слична пракса имаат и другите компании за снабдување со гас, наведува Wall Street Journal.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП