13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Буџетскиот дефицит поголем од очекуваниот

Оланд: Буџетскиот дефицит поголем од очекуваниот

fransoa1

Францускиот претседател Франсоа Оланд, денес изјави дека буџетскиот дефицит за оваа година нема да биде на целното ниво од три проценти, и дека ќе изнесува 3,7 проценти.

Според неговите зборови, дефицитот несомнено во 2013 година, ќе изнесува 3,7 проценти, и покрај напорните настојувања за неговото намалување.

Француската влада ја изнесе најзината цел да го намали дефицитот од 4,5 проценти во 2012 година, на три проценти во 2013 година, сето тоа се покажа како преамбициозно поради слабите економски изгледи на оваа земја.

Дефицитот од 3,7 проценти е во согласност со предвидувањата изнесени од страна на Европската комисија, кои се базираат на предвидените 0,1 проценти економски раст во Франција.

Франција планира да го анулира буџетскиот дефицит до 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП