3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија – единствениот профитер од кризата?

Германија – единствениот профитер од кризата?

germanija1

Германија, поранешниот светски шампион во извозот сеуште сјае поради трговскиот суфицит, а нејзината роба е многу барана во светот.

Некои дури гледаат на Германците како на победник во кризата, кој профитира од проблемите на другите земји. Колку има вистина во тоа?

Што е причината за јакнењето

Економскиот раст на Германија е стабилен, а пазарот на трудот силен и напреден. Министерот за финансии се засладува со високите приходи од даноците, а на повидок е и конечно избалансираниот буџет. Но, сето тоа не е чудно. Слабеењето на еврото го поевтини германскиот извоз, а лошата кредитна способност на многу земји во еврозоната предизвика вистинска побарувачка за германските обврзници.

Најдоброто допрва доаѓа

А најдоброто допрва доаѓа, велат аналитичарите. Ако кризата се преживее и земјите од југот на Европа закрепнат, тие би можеле да ги отплатуваат кредитите, кои Брисел им ги одобри.

А Германија, како најголем донатор, ќе може секоја година да им се радува на дополнителните приходи во милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП