3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Кризата не е завршена

Бундесбанк: Кризата не е завршена

siro1

Претседателот на германската Централна банка Јенс Вајдман, предупреди дека должничката криза во земјите од еврозоната сеуште не е завршена, и покрај неодамнешното заживување на финансиските пазари.

 
Вајдман наведе дека Европската унија мора да продолжи со реформите, со цел банкарските проблеми да немаат големо влијание на државните финансии, за што е потребна т.н. Банкарска унија.
Претседателот на Бундесбанк наведува дека „основен столб“ на новиот систем би требало да биде рамката за гасење или реструктуирање на проблематичните банки, при што трошоците ќе ги сносат акционерите и кредиторите, а не даночните обврзници.

 
Притисокот на пазарот на презадолжените земји како што се Италија и Шпанија, олабаве откако Европската централна банка во септември наведе дека ќе ги откупува обврзниците од земјите кои се во проблеми, ако тие за возврат превземат чекори за намалување на јавниот дефицит.

 
Вајдман напоменува дека тој начин обезбедува само привремено решение и дека владите треба да ги решат основните проблеми, вклучувајќи ги реформите со цел да се поттикне економскиот раст и прекинот на врската помеѓу слабите банки и државата, која се задолжува со цел да ги спаси кредиторите.

 
„Кризата не е готова, и покрај привремениот мир на финансиските пазари“, предупреди претседателот на Бундесбанк, додавајќи дека реформите во Франција стагнираат, а во Италија и Кипар се неизвесни.

 
Вајдман повика да се забрза процесот со спроведувањето на реформите на европско ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП