5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасположението на јапонските потрошувачи на највисоко ниво

Расположението на јапонските потрошувачи на највисоко ниво

abe1

Премиерот Шинзо Абе се залага за агресивно ублажување на монетарната политика поради јакнење на економијата и сузбивање на дефлацијата.

Индексот на доверба кај јапонските потрошувачи во февруари достигна највисоко ниво од 2007 година.

Индексот на расположението на домaќинствата со два или повеќе членови, во февруари се зголеми на 44,3 поени, од 43,3 поени кои беа забележани во јануари. Вредноста пониска од 50 поени укажува на песимизам kaj потрошувачите. Истражувањето, исто така, покажало дека 69,5 проценти од испитаниците мислат дека цените ќе се зголемат во текот на наредните 12 месеци, што е највисок процент од октомври 2011 година. Во јануари ваквото мислење го имаа 65,3 проценти од испитаниците.

Премиерот Шинзо Абе се залага за агресивно ублажување на монетарната политика поради јакнењето на економијата и сузбивање на дефлацијата. „Повисоките цени на акциите, делумно поради политиките на Абе, помогнаа во подобрувањето на довербата кај потрошувачите, со што ќе се поттикне закрепнувањето на економијата“, изјави Јошики Шинко, од економскиот институт.

Очекувањата за зголемувањето на цените е поттикнато од зголемувањето на цената на бензинот и очекуваното зголемување на цената на увезената стока, поради слабиот јен, како и од повиците на премиерот кон централната банка таа да цели кон 2 проценти инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП