27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомалку банкроти во Германија

Помалку банкроти во Германија

germanija2

Бројот на компании кои минатата година банкротирале во Германија е намален за шест проценти, на 28.304, соопшти Заводот за статистика во Берлин.

Последен пат, бројот на корпоративни банкроти во Германија се зголеми во текот на финансиската криза во 2009 година, а најголемиот број на стечајци беше забележан во 2003 година, кога вкупно 39.320 компании прогласија банкрот, наведува Заводот.

Бројот на домаќинства кои банкротирале исто така е намален трета година по ред, за 5,5 проценти, на 97.635, наведуваат статистичарите.

И покрај намалувањето на бројот на стечајците, побарувањата на доверителите се зголемиле на 51,7 милијарди евра минатата година, во споредба со 31,5 милијарди од 2011 година, поради тоа што во 2012 година поголем број на големи компании банкротирале отколку што беше случај претходната година, заклучуваат од Заводот за статистика во Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП