18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетскиот сектор пак најголем добитник на Волстрит, раст и во Европа

Енергетскиот сектор пак најголем добитник на Волстрит, раст и во Европа

New York City - Helicopter tour

На Волстрит во средата цените на акциите пораснаа втор ден по ред, најмногу во енергетскиот сектор, благодарејќи на силниот раст на цените на нафтата, а инвеститорите беа охрабрени и од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на неколку компании, а раст имаше и на берзите во Европа, во прв ред, поради пораката на челниците од Европската централна банка (ECB), по нивната редовна седница дека ќе бидат истрајни во целосното спроведување на програмата за купување на обврзниците за да се поттикне растот не економиите во еврозоната.

На Волстрит во средата индексот Dow Jones зајакна за 0,42 отсто, на 18.112 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,51 проценти, на 2.106 поени, а индексот Nasdaq за 0,68 отсто, на 5.011 индексни поени.

И на европските берзи во средата цените на акциите пораснаа. Така, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,30 отсто, на 7.096 поени, франкфуртскиот индекс DAX се зголеми за 0,03 отсто, на 12.231 поен, а парискиот CAC индекс си додаде 0,70 проценти, на 5.254 индексни поени.

Растот на индексите на Волстрит, во прв ред, како и во вторникот, дојде благодарејќи на растот на цените на акциите во енергетскиот сектор, и тоа за 2,3 отсто, откако цената на нафтата на американскиот пазар скокна за повеќе од 5 отсто. Сите 10 сектори на S&P 500 во средата добија на вредноста, бидејќи вложувачите се надеваат дека деловните резултати на компаниите во првото тримесечје од 2015 година, сепак, нема да бидат толку слаби како што се проценува.

Поради високиот курс на американскиот долар, што ги нагризува приходите и заработките на американските мултинационални компании на странските пазари, како и ниските цени на нафтата, аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработките на компаниите од S&P индексот во изминатиот квартал паднале за 2,6 отсто во однос на истиот период минатата 2014 година. Доколку тоа се покаже точно, тоа би бил најслабиот квартал од третото тромесечје во 2009 година. Меѓутоа, аналитичарите вообичаено процените на резултатите ги поставуваат многу ниско за на компаниите да им олеснат да ги натфрлат, а тоа создава простор за раст на цените на акциите.

„Компаниите можат да ја прескокнат штичката, бидејќи очекувањата се многу ниски. Би требало да биде лесно да се надминат очекувањата“, вели Џек Ејблин, директор во компанијата „BMO Private bank“.

А токму тоа и се случува. Цената на акцијата на „Intel“ скокна во средата за повеќе од 4 отсто, откако најголемиот светски производител на чипови извести дека неговите приходи во оваа година стагнирале, додека инвеститорите стравуваа од натамошен пад на приходите и заработката на компанијата. Цената на акциите на „Delta Airlines“, пак, порасна за 2,6 отсто, бидејќи оваа воздухопловна транспортна компанија остварила поголема од очекуваната добивка, благодарејќи на намалените трошоци поради ниските цени на нафтата. Акцијата на „Bank of America“, пак, поевтини, за повеќе од 1 отсто, бидејќи втората по големина банка во САД оствари само малку подобро резултати отколку што се очекуваа.

Од 36 компании кои досега ги објавија деловните извештаи, 81 отсто оствариле поголема добивка отколку што се предвидуваше. Меѓутоа, само 47 отсто од нив ги надминаа очекувањето кога станува збор за приходите. Тоа покажува дека компаниите успеваат да одржат добивка со намалувањето на трошоците, а не со зголемување на приходите и ширењето на делувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП