26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТенисерките поразени од Молдавија

Тенисерките поразени од Молдавија

Image (14)

Македонската женска репрезентација во тенис загуби во второто коло во Д групата, на турнирот од третата Евроафриканска група во ФЕД купот што се одржува во Улцињ. Во средата македонските тенисерки се поразени од Молдавија со 1:2.

Магдалена Стоилковска, во првиот меч, беше декласирана од Даниела Цоибану (0:6, 0:6), потоа во вториот меч нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска го израмни резултатот со победата над Анастасија Вдовенко од 6:0, 6:2. Решавачкиот поен Молдавките го освоија во игра на двојки Стоилковска и Ѓорчевска загубија од Александра Перпер и Јулија Хелбет со 6:7, 3:6.

Во првото коло македонските тенисерки забележаа максимална победа од 3:0 над селекцијата на Намибија, а во последното трето коло во групата тие за противник ќе ја имаат селекцијата на Мозамбик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП