7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Еврозоната да ја напуштат некои земји“

„Еврозоната да ја напуштат некои земји“

vaclav1

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус вели дека се би било подобро во еврозоната кога би ја напуштиле некои земји.

„Грција не е крива за сегашната криза, туку таа е нејзина жртва“, монетарна унија може да се направи од шест до осум земји, но не со 17. Прашањето гласи дали да продолжиме по овој пат или да им овозможиме на некои земји да ја напуштат Унијата. Сигурен сум дека е возможно да и овозможиме на една, две или три земји да заминат и повторно се да биде во ред“, изјави Клаус.

Поранешниот чешки претседател како нов соработник на конзервативниот институт „КАТО“ во Вашингтон во своето прво предавање, негираше дека некогаш предложил распуштање на ЕУ.

„Сеуште е можно да се спроведат фундаментални измени на нејзината структура. Меѓутоа, уверен сум дека сме во ќор-сокак а во него не можеме да се движиме напред. Мора да се вратиме назад на последната раскрсница и да донесеме поинакви одлуки“, изјави Клаус во синоќешното предавање.

Поранешниот чешки претседател и архитект на Чехословачката и Чешката транзиција  во 1990 година нагласи дека сеуште се бори против социјално-пазарниот модел на економијата.

„Јас лично се плашев од влезот во ЕУ, но ние немавме ниту една другa опција, доколку сакавме да бидеме нормална европска земја со сите плусеви и минуси“, додаде Клаус.

Вацлав Клаус по два претседателски мандати и десет години на чело на Чешка функцијата ја напушти на 7-ми марти. Тој е активен во својот институт „Вацлав Клаус“.

Во својот проштален говор до нацијата, Клаус изјави дека нема да се повлече од Чешката политичка сцена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП