19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајевтиниот синџир супермаркети во светот

Најевтиниот синџир супермаркети во светот

aldi 00

Германскиот синџир на маркети „Aldi“ поседува повеќе од 8.000 продавници, а неодамна беше прогласен за најдобар во светот.

Која е сепак причината луѓето толку многу да ги сакаат супермаркетите „Aldi“? Се разбира – ниските цени.

Стоката таму е дури и поевтини од американскиот синџир „Wal-Mart“, според неодамна спроведена студија од „Cheapism“.

„Aldi“ има одлична стратегија, која важи за да може да се продаваат продукти по пониски цени. Видете ја:

1. Сопствени марки

Околу 90% од стоката понудена во „Aldi“ е од сопствени брендови. Елиминирајќи ги добавувачите, синџирот може да понуди слична стока по пониска цена на своите клиенти. Во обичен супермаркет може да се најдат околу 40.000 артикли, додека во „Aldi“ тие се само 1.400, па така се продава помал број на стоки, а синџирот ја зголемува нивната продажба и со тоа озможува да ги нуди по уште пониски цени.

2. Без полици

aldi 01

Во „Aldi“ нема да најдете полици. Таму производите се наредени во кутии. Ова заштедува време на вработените кои наместо да ги редат производите, едноставно ги надополнуваат со нова кутија/картон.

3. Организација на трудот

aldi 02

Организацијата на трудот во „Aldi“ е на толку високо ниво, па синџирот има потреба од помалку луѓе од другите супермаркети. Производите кои се продаваат таму се спакувани, што го олеснува нивното поставување, а со тоа е намален бројот на вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП