2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија поради кризата ги затвoра амбасадите

Словенија поради кризата ги затвoра амбасадите

slovenia1

Финансиската и економската ситуација која во Словенија бара намалување на трошоците на дипломатската мрежа ја принуди владата на Словенија да ја затвори својата амбасада во Техеран.

Одлуките на владата беа прифатени и од страна на парламентот.

Словенија, амбасадата во Иран ја отвори во 1993 година, по посетата на Техеран, додека Иран, неговото дипломатско претставништво во Словенија го отвори во 2011 година, при посетата на министерот за надворешни работи на Иран, Алија Акбара.

Поради мерките за штедење и рационализацијата на дипломатската мрежа, Словенија минатиот месец веќе ги затвори и своите амбасади во Шведска, Финска, Португалија и Ирска, како и конзулатите во Дизелдорф и Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП