11 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинетиот имот Villa di Solangi (фото)

Префинетиот имот Villa di Solangi (фото)

si1

Овој неверојатен имот е наречен „Villa di Solangi“, што во превод значи „Вила од Соништата“…

Се наоѓа во Лагуна Бич во Калифорнија, на совршениот брег на морето. Дело е на познатиот архитект Џон О’нил, а изградена е од најфини материјали, кои се увезени од Италија, а тоа и го дава шарм на Стариот свет. Луѓето кои работеле на оваа вила биле многу посветени на работата, па така сите 14 камини и сите работи кои се правени со камен, дизајнирани се рачно произведени во Рим.

Таа е дел од величенствен имот, а има 1.800 метри квадратни прекрасно декориран животен простор, кој се состои од седум спални соби и седум во потполност опремени бањи. Покрај пространиот и луксузен ентериер, оваа вила има и прекрасна градина која ја опкружува од сите страни, со елегантни фонтани, стаклена куќичка покрај базенот, кој пак е украсен со водопад.

„Villa di Solangi“ моментално го чека својот нов сопственик, кој ќе мора да плати 40 милиони долари доколку сака да ги оживее своите соништа во ова фантастично опкружување.

si2

si3

si15

si14

si13

si12

si10

si9

si8

si7

si6

si5

si4

si

si11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП