13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStatoil дели откази

Statoil дели откази

statoil-worker

Норвешката нафтена компанија „Statoil“ би можела да угаси околу 2.400 работни места, што е околу 10 проценти од вкупниот број на вработени, објави весникот „Dagens Naeringsliv“.

Според пишувањето на овој дневен економски весник, норвешката компанија значително ќе го намали бројот на техничари и инженери во секторот за ископување, пренесува Ројтерс.

Мерката за гасење на работни места, која од „Statoil“ сеуште не ја коментираа, е дел од програмата за намалување на трошоците од 1,7 милијарди долари годишно.

Истиот извор потсетува дека падот на цената на нафтата принудил бројни актери во тој сектор на штедење, како откажување од некои проекти, намалена заработка за акционеrите или редуцирање на бројот на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП