22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавена германската инфлација

Забавена германската инфлација

inflacija1111

Инфлацијата во Германија, најголемата европска економија, забави во февруари и достигна најниско ниво во последните две години, соопшти Заводот за статистика во Берлин.

Трошоците за живот во Германија минатиот месец се зголемија за 1,5 проценти на годишно ниво, во споредба со 1,7 проценти во јануари, наведе Заводот.

Последниот пат најниската инфлација беше забележана во декември 2010 година, кога таа изнесуваше 1,3 проценти.

На месечно ниво, индексот на потрошувачки цени (ЦПИ) во февруари се зголеми за 0,6 проценти во споредба со претходниот месец.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (ХИЦО), кој како мерка на инфлација се користи од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), стапката на инфлација во Германија, исто така забави во февруари, на 1,8 од 1,9 проценти во јануари, наведува Заводот за статистика во Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП