26 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршена дестинација за луксузен одмор - Grandе Bai Resort & Spa (фото)

Совршена дестинација за луксузен одмор – Grandе Bai Resort & Spa (фото)

gty1

„Grandе Bai Resort & Spa“ претставува совршена дестинација за одмор и подмладување на најлуксузен начин. Обезбедува неверојатни искуства кои му се на секого по мерка.

Гостите ќе можат да уживаат во преубавиот избор на храна и вина, во тајландската култура, тие можат да имаат искуство кое ќе го паметат до крајот на животот, неверојатно спа искуство или едноставно, совршена дестинација за комплетно уживање.

Ова одмаралиште кое се наоѓа на 28 км од аеродромот, на својот имот има 80 луксузни одвоени вили. Вклучува 65 вили со поглед на океан, 14 двособни вили со поглед на океан и базен и голема „Grandе Bai Royal“ вила со поглед на океан и базен.

Еднособната вила со поглед на океан е со големина од 65 квадратни метри, и исто така има и тераса од 28 квадратни метри со базен од 10 метри.

Со спа центарот кој се наоѓа во комплексот, одмаралиштето ви нуди опуштање на најсуптилен можен начин додека уживате во азурните плажи, традиционалните и современите техники.

Гостите можат да уживаат во големиот избор на активности како што се пливање, нуркање или едрење, како и во истражување на околните рајски острови.

Ова е совршено место за состаноци и конференции, а уште посовршено е за прослави како што е венчавката. Цената за ваквиот вид на луксузирање за жал не можат да си ја дозволат сите, таа изнесува неверојатни 890 долари од ноќ, со вкучени медицински и спа третмани.

gty2

gty3

gty4

gty5

gty6

gty7

gty8

gty9

gty10

gty11

gty12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП