30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube подготвува платена верзија на видео порталот

YouTube подготвува платена верзија на видео порталот

yout

Во рамките на следните неколку месеци „YouTube“ може да стартува платена верзија на својот видео портал. Тој ќе чини околу 10 долари месечно и ќе биде фокусирам над квалитетни содржина, објави онлајн изданието „The Verge“.

Услугата се уште нема официјално име. Се очекува таа да им овозможува на креаторите на содржини да ги ограничуваат избрани од нив клипови и тие да се достапни само за платени членства. Услугата цели да даде уште еден извор на приходи за сопствениците на поголеми и популарни канали. Се очекува „YouTube“ да заработува по 45% од приходите од претплата и реклами, а остатокот од средствата да одат за соодветниот канал.

Според изворите на весникот „YouTube“ ќе ги обврзе каналите кои одлучуваат да учествуваат во програмата, редовно да создаваат клипови само за платениот дел на порталот. Во спротивно, сите клипови во каналот ќе бидат ставени на режим „приватен“ и ќе можат да се достапни само преку директен линк. Не се исклучува платениот дел на „YouTube“ да вклучува и пристап до музичката услуга „YouTube Music Key“.

За сега од „YouTube“ не коментираат на оваа тема. Портпаролот на компанијата изјави дека таа секогаш размислува на нови начини да им даде повеќе можности на креаторите на содржина да заработат пари, а корисниците да имаат пристап до повеќе квалитетни содржини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП