25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLenovo го купува BlackBerry?

Lenovo го купува BlackBerry?

blackberrylenovo_size_9

Многу аналитичари се сомневаат во способноста на „BlackBerry“ да ја зачува својата независност. Иднината на канадската компанија за паметни телефони ќе зависи од успехот или неуспехот на новата нејзината платформа „BlackBerry 10“.

Еден од најверојатните купувачи на „BlackBerry“ е кинескиот производител на компјутери „Lenovo“. За ваквиот интерес потврдува и генералниот директор на компанијата Јанг Јуанжин.

„ Купувањето на „BlackBerry“ би можело да има смисла. Но прво треба добро да го анализираме пазарот, за да го видиме уделот на компанијата”, коментира Јуанжин.

По неговото соопштение акциите на „BlackBerry“ се зголемија за 9.7 проценти или една вреди 14.32 долари, што е највисок раст од 5-ти февруари наваму. Од почетокот на 2013 година хартиите од вредност на компанијата забележаа раст од10 проценти.

Поранешниот финансискиот директор на Lenovo, Вонг Вај Минг соопшти дека компанијата ја разгледува можноста да купи го „BlackBerry“. Од кинескиот ИТ-гигант прецизираа дека „Lenovo“ сака да забележи пораст на бизнисот како по природен пат, така и преку спојувања и апсорпција.

Од „Blackberry“ засега нема потврда на појавата на гласините. Извршниот директор на компанијата Торстен Хајнс изјави.

“Како и секогаш во вакви случаи, ќе коментираме само за она што веќе е направено и подготвено за објавување”.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП