30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook објави верзија на Messenger за интернет прелистувачи

Facebook објави верзија на Messenger за интернет прелистувачи

mess platform fb1111

„Facebook“ продолжува со својата стратегија за одделување на „Messenger“ како самостојна платформа. Социјалната мрежа ќе пушти верзија на „Messenger“ за интернет прелистувачи, соопштува интернет изданието „Re/code“.

На сајтот „Messenger.com“ корисниците наскоро ќе можат да влегуваат преку својот профил на „Facebook“ и да го користат „Messenger“ во речиси идентична форма како на мобилните апликации. Тоа не значи дека функцијата ќе биде отстранета од „Facebook“.

Портпаролот на компанијата изјави дека „Messenger“ е за луѓето кои сакаат да се оддалечат од „News Feed“ и публикации на пријатели и сакаат да се концентират врз конкретниот разговор.

Главната причина за воведувањето на новиот сајт е желбата на „Facebook“ да го позиционира „Messenger“ како самостојна платформа за комуникација, која да биде користена од многу други апликации.

Messenger.com“ ќе ги поддржува скоро сите дополнителни функции, вклучувајќи онлајн плаќање. Покрај тоа сајтот нема да ги обврзува корисниците да имаат инсталирано мобилна апликација за да можат да го користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП