30 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing подобар од Airbus

Boeing подобар од Airbus

airbusboeingfewfwefintro

Американскиот производител на авиони „Boeing“ во првиот квартал го надмина европскиот ривал „Airbus “ по бројот на нови нарачки и испораки, покажуваат податоците на тие компании.

„Airbus“ објави дека во првите три месеци од оваа година добил 121 нарачка, додека „Boeing“ добил 116 нарачки. Но, по откажувањата и замeните, бројот на нето нарачки на „Airbus “ паднал на 101, додека „Boeing“ се задржал на 110 нето нарачки.

„Airbus“ во првиот квартал испорачал 134 авиони, вклучувајќи еден од најновите модели А350, како и четирите модели на А380. Тоa e помалку во однос на ленскиот период, кога беа испорачани 141 авион.

„Boeing“, пак, во првиот квартал испорачал 184 авиони, што е пораст во однос на минатогодишните 161 авиони.

Минатата година трката со бројот на нарачки ја доби „Airbus“ со 1.456 нето нарачки наспроти „Boeing“ со 1.432 нарачки. „Boeing“ сепак, три години по ред е во предност во однос на бројот на испораки.

Сепак, и двата производители во оваа година очекуваат помалку нарачки во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП