19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoyal Dutch Shell сака да ја купи BG Group за 47 милијарди...

Royal Dutch Shell сака да ја купи BG Group за 47 милијарди фунти

skolka 35

Нафтената и гасна индустрија можеби се соочува со ново мега-соединување. Енергетската компанија „Royal Dutch Shell“ и британскиот производител на гас „BG Group“ преговараат за спојување, ова во вторникот вечерта го потврди „BG Group“. Купувањето на „BG“ од страна на енергетскиот гигант „Shell“ ќе биде првото мега-соединување во индустријата по повеќе од десет години.

Разговорите се во напредна фаза, изјави од „BG“, потврдувајќи претходните натписи кои се појавија во медиумите. Сепак се уште не може да се каже конкретно дали преговорите ќе доведат на крајот до реален предлог за спојување. До 5-ти мај „Shell“ треба да објасни дали сака да направи понуда или не, беа конкретни од „BG“.

Подоцна стана јасно дека „Royal Dutch Shell“ нуди 47 милијарди фунти (70 милијарди долари) за британската компанија.

Поради падот на цените на нафтата, пазарната средина е во слична состојба на тоа од почетокот на 2000-та година, кога во индустријата се дојде до бројни мега-соединувања. Поради бумот на гасот од шкрилци во САД и диктираната одлука на ОПЕК од страна на Саудиска Арабија да не се ограничува приносот на нафта, цените на суровата нафта се на половина од минатото лето. При вакви тешки економски услови пред десет години се случи стекнување на „Amoco“ и „Arco“ од „BP“, „Exxon“ го купи „Mobil“, а „Chevron“ се спои со „Texaco“.

„BG“ е под притисок веќе неколку месеци: опаѓање на гасните резерви во Египет и ниските цени на нафтата предизвикуваат сериозни проблеми за компанијата. Поради падот на цените на нафтата во минатата година таа ги продаде своите гасоводи во Австралија. Компанијата, сепак има поставено амбициозни цели за раст. Таа оперира со редица проекти вредни мулти-милијарди долари во Бразил, Источна Африка, Австралија, Казахстан и Египет.

Британската компанија се проценува на околу 42,5 милијарди евра, а „Shell“ има пазарна капитализација од 186,5 милијарди евра. Спојувањето ќе го намали заостатокот на „Shell“ од лидерот во индустријата „ExxonMobil“, кој се проценува на околу 330 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП