28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Франција наскоро ќе го надмине БДП

Јавниот долг на Франција наскоро ќе го надмине БДП

francija2

Јавниот долг на Франција, кој во 1980 година изнесуваше 20 проценти од бруто домашниот производ (БДП), наскоро би можел да надмине 100 проценти од БДП.

Во моментов, францускиот јавен долг изнесува 90 проценти од БДП, а судејќи според тенденцијата на постојан раст како и според не толку охрабрувачката економска ситуација во земјата, тој во оваа година би можел да надмине и 100 проценти, сметаат економските аналитичари.

Како што пренесува францускиот весник Атлантико, јавниот долг на Франција е зголемен за 20 проценти од БДП.

Во 2007 година, јавниот долг на Франција беше 64,2 проценти од БДП, а во 2009 година 79 проценти , а во 2011 дури 86 проценти.

Доколку ова продолжи, Франција би можела да се соочи со јавен долг од 130 проценти од БДП.

Искажано во евра, францускиот јавен долг во 1980 година изнесувал 92 милијарди, додека во 1993 година достигнал 533 милијарди, а во 2003 тој се зголемил на 1.000 милијарди.

Во оваа година аналитичарите проценуваат дека Франција ќе биде соочена со јавен долг од 2.000 милијарди евра.

Потрошувачките цени во периодот од 1980 година до сега во Франција се зголемиле за 172 проценти.

Вредноста на јавниот долг во истиот период е зголемена за 2,073 проценти.

Аналитичарите сметаат дека јавниот долг претставува, всушност, наталожување на годишниот јавен дефицит и единствен начин тој да се намали е да се намали јавниот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП