8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобра транспортна инфраструктура за поголем економски развој

Добра транспортна инфраструктура за поголем економски развој

ljubica-nuri

Немањето соодветна транспортна инфраструктура, патничко и железничко поврзување во регионот и со Европа е една од основните пречки за поголем економски развој. Нејзиното надминување по принципот на јавно приватно партнерство ќе биде главна тема на конференцијата „Конективна Европа – одговор на ЦЕФТА-регонот“, што ќе се одржи в четврток по иницијатива на Стопанската комора на Македонија.

На конференцијата, како што најави денеска Комората, ќе присуствуваат високи претставници од Брисел, ЦЕФТА и Светска банка.

– Добрата инфраструктура значително ги намалува трошоците и ја јакне трговската соработка. Освен што поттикнува развој на повеќе економски гранки, генерира и нови работни места, истакна Љубица Нури од Стопанската комора.

Таа додаде дека последните 10 години регионот во овој сегмент, и покрај заложбите, нема конкретен напредок. Од вкупно изготвените 31 проект, 18 се однесуваат на железницата. За Македонија се посебно значајни врските Скопје – Софија и Софија – Белград.

Од вкупниот извоз на ЦЕФТА, 40 отсто е интра-експорт, меѓу земјите-членки, а 13 проценти е увоз. Согласно определбите, ЦЕФТА договорните страни се обврзани да соработуваат за унапредување на економското интегрирање во ЕУ. Транспортот, енергетиката и информатичката технологија се приоритетни за подобрување на регионалната трговија и работата на странските инвеститори.

Во земјите-членки на ЦРФТА има околу 30 милиони потрошувачи. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП