8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го величествениот „Salinda Phu Quoc Island Resort & Spa“ (фото)

Посетете го величествениот „Salinda Phu Quoc Island Resort & Spa“ (фото)

vie1

Величествениот „Salinda Phu Quoc Island Resort & Spa“ е она што го добивате како резултат на инвестицијата вредна 35 милиони долари во оваа живописна дестинација во Виетнам…

Природниот амбиент на оваа локација наметнува една цел – креирање на амбиент за незаборавни, многу луксузни искуства за посетителите од целиот свет. Овој резорт се наоѓа на брегот на „Phu Qouc“, најголемиот виетнамски остров кој дефинитивно е на врвот од листата со најубавите острови. Идеалната природа на ова место е прикажана преку неверојатните плажи, опкружени со кристално чистата вода, со префинети пејсажи во кои посетителите максимално ќе уживаат.

Самиот резорт се состои од 121 богато декорирани соби и вили, при што секој простор е максимално комфорен и добро опремен. Во околината се наоѓаат и прекрасни локации каде гостите ќе можат да уживаат во префинетото природно опкружување, вклучувајќи ги и гламурозните плажи.

Тука е „Salinda Spa“ – вистинска оаза за релаксација, каде посетителите ќе уживаат во широката понуда на третмани . Гостите исто така ќе бидат презадоволни и од „Salinda“ ресторанот, каде се сервира најпрефинетата виетнамска и интернационална кујна.

vie2

vie3

vie4

vie5

vie6

vie7

vie8

vie9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП