25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Подобрени економските изгледи

ОЕЦД: Подобрени економските изгледи

progres1

Економските изгледи во најголемите индустријализирани земји се подобрени, заедно со САД и Јапонија како лидери на овој тренд, а се зајакнуваат и активностите на еврозоната, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Како што наведуваат од страна на ОЕЦД, најновите месечни показатели упатуваат кон јакнење на растот.

Сеопфатниот ОЕЦД индекс, кој ги вклучува своите 33 земји-членки, во јануари е зголемен на 100,4 поени, од 100,3 поени кои беа забележани во декември минатата година. Со ова тој дополнително забележа зајакнување, по долгогодишниот просек од 100 поени.

Најизразено подобрување бележат Соединетите Американски Држави, чиј индекс во јануари изнесуваше 100,9 поени, исто како и претходниот месец. Во Јапонија индексот се зголеми на 100,6 поени, од 100,4 поени забележани еден месец претходно.

Знаци на подобрување покажува и еврозоната, предводена од Германија, со раст на индексот на 99,7 поени, од 99,6 поени.

Охрабрувачки вести ОЕЦД има за Франција и Италија, сигнализирајќи дека „повеќе нема да има понатамошно слабеење на растот“. Индексот на Италија се зголеми од 99,2 поени на 99,3 поени, а на Франција од 99,4 на 99,5 поени, се вели во соопштението на ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП