26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија: Најголем пад на економијата во 38 години

Португалија: Најголем пад на економијата во 38 години

portugalija1

Забавувањето на економијата е последица од падот на потрошувачката и слабиот раст на извозот. Стапката на невработеност во Португалија изнесува 17,6 проценти.

Португалската економија во 2012 година забележа пад од 3,2 проценти, што претставува најголем годишен пад од 1975 година, објави португалската Агенција за статистика.

Португалија спроведува обемни мерки за намалување на долгот кои опфаќаат зголемување на даноци и намалување на плати и пензии во замена за меѓународни кредитни линии од 78 милијарди евра, кои беа договорени во мај 2011 година, пренесува агенцијата АП.

Таквото забавување на економијата е последица на падот на личната потрошувачка и слабиот раст на извоз.

Во последниот квартал од 2012 година забележано е забавување од 3,8 проценти.

Голема невработеност

Невработеноста во Португалија е 17,6 проценти, што е третата најголема стапка во ЕУ, зад Грција и Шпанија.

Португалската економија во 2011 година забележа пад од 1,6 проценти, а Владата за следната година прогнозираше пад за два проценти.

Во почетокот на месецот стотици илјади португалски граѓани излегоа на улиците на Лисабон и другите градови барајќи крај на мерките за штедење и оставка на централно-десничарската влада.

Протесните собири, кои беа организирани беа најголемото јавно искажување на незадоволството. Владата беше принудена да прилагоди дел од мерките за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП