26 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна релаксација во неверојатна вила Spa House (фото)

Луксузна релаксација во неверојатна вила Spa House (фото)

O

Spa House“ е современа луксузна вила, во планините на урбаниот залив Хоут…

Има поглед на заливот и на пристаништето, додека пак, опкружена е со прекрасна природа. Оваа мултифункционална градба, која служи како резиденцијален, рекреативен и спа објект, поврзана со поголема резиденција, дизајнирана е со релаксирачки, ексклузивен и забавен ум, а добитничка е и на „Best Design“ наградата.

Оваа елегантна вила со три спални соби не е многу голема, но, ако со ништо друго, ќе бидете импресионирани со нејзиниот базен. Терасата зазема една четвртина од нејзиниот вкупен простор, а базенот преостанатите три четвртини. Собата под терасата, со поглед на базенот, ви нуди мистична и навистина уникатна атмосфера. Ентериерот многу лесно преминува во екстериер, правејќи спој со беспрекорно природно опкружување. Високо квалитетните дрвени подови се поставени во заедничките простории, додека приватноста во спалните соби ја краси мермер.

Една од ексклузивните и посебни особини на оваа вила е нејзиното спа катче, со солена бања, сауна и соба за масажа. Спа центарот се наоѓа на најниското ниво на вилата, во линија со инфинити базенот, што создава чувство како да сте под вода.

Инаку, оваа вила е достапна за изнајмување. Цените варираат од 13.000 до 17.000 долари, во зависност од сезоната. Секако, под таа цена се подразбира една ноќ во ова феноменално место.

O

O

O

O

O

O

O

O

O

O

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП