13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата владее, но бројот на богатите се зголемува

Кризата владее, но бројот на богатите се зголемува

I

Бројот на богатите чија вредност на имот преминува 30 милиони долари, во наредните 10 години ќе се зголеми за 50 проценти.

Според проценките на консултантската компанијата Најт Френк се наведува дека бројот на супер богатите најмногу ќе се зголеми во САД.

Минатата година во САД бројот на супер богати во поглед на недвижниот имот за една година е зголемен за 8,700, односно за пет проценти. Вредноста на нивниот имот е зголемена за 566 милијарди долари, достигнувајќи 26,000 милијарди.

За 10 години, бројот на супер моќните во САД ќе надмине 95,000. Во наредната деценија, најмногу ќе се зголеми бројот на богатите сопственици на недвижнини во Азија и Латинска Америка и на Блискиот Исток, иако САД ќе ја задржи доминацијата во тој поглед до 2022 година.

Во извештајот се наведува дека во моментот најголема концентрација на богатство изразено во недвижен имот има во еврозоната и во Северна Америка.

Градовите во кои концентрацијата на супер богатите најмногу се зголемува се Сао Паоло, Пекинг и Мумбаи, иако Лондон и Њујорк ќе ја задржат доминацијата во тој поглед.

Цената на луксузниот имот нагло ќе се зголеми во некои региони од економиите во развој. Во Џакарта, за само една година, луксузните недвижнини поскапеа за 38 проценти, а во Бали за 20 проценти.

Во Кина, исто така, нагло се зголемува цената на недвижнините, во Хонг Конг недвижнините минатата година поскапеа за 8,7 проценти. Во Франција, бројот на богатите странски клиенти заинтересирани за недвижнини на брегот на Сена, постепено се намалува.

Монако и понатака ја држи водечката позиција на листата на најомилените градови на богатите. Во извештајот се додава дека и вредноста на подвижниот имот ќе се зголемува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП