6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ги следи дури и луѓето без профили на социјалната мрежа!

Facebook ги следи дури и луѓето без профили на социјалната мрежа!

spy fb

„Facebook“ продолжува да има огромно влијание во технолошката индустрија, поради тоа што социјалната мрежа веќе ја користат над 1,3 милијарди луѓе во целиот свет.

Сепак треба да се обрне внимание на фактот дека компанијата отсекогаш била предмет на критички коментари во врска со начинот на кој ги чува и користи личните податоци на корисниците. Последната детална анализа на експерти од „Vrije Universiteit Brussel“ и „University of Leuven“ е потврдата дека безбедноста на доверливите информации продолжува да е најголем проблем на „Facebook“, пренесоа медиумите.

Причината за ова е дека според податоците во анализата, компанијата ја следи активноста на сите корисници на интернет, дури и оние кои немаат профил на социјалната мрежа или не влегле во соодветен момент во неа. За оваа цел на „Facebook“ постојано има „колачиња“ кои се чуваат во компјутерите, а оваа практика е основа за нова истрага на регулаторните тела во ЕУ против компанијата.

Ако се прашувате како тоа го прави, тогаш одговорот е многу едноставен, имено, преку популарното „Like“ копче.

Во моментов тој е инсталиран во над 13 милиони надворешни интернет страни, дури и да не го користите, тој ја следи активноста на членовите и ја праќа назад до серверите на „Facebook“.

Истражувачите исто така сметаат дека социјалната мрежа нарушува и други клучни закони на ЕУ, затоа што не нуди опција да се оневозможат некои од најпопуларните нејзини функции. Останува само да видиме како регулаторните тела во Европа ќе гледаат на овие мотиви и респективно какви санкции планираат да применат за компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП