4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците сакаат излез од еврозоната

Германците сакаат излез од еврозоната

deutscher-bundestag

Речиси една четвртина од Германците се подготвени да гласаат на парламентарните избори во септември за партијата која ќе повикува за излез од еврозоната.

Според анкетата која е направена го открива растечкото незадоволство на Германците од цената на кризата, во која поминува единствената валута. Анкетата на институтот „ТНС-Емнид“ покажува дека 26 проценти од испитаниците се подготвени да размислат за можноста да ја поддржат политичката партија која би предложила излегување од еврозоната. Дури 40 проценти од Германците на возраст меѓу 40 и 49 години се подготвени за ваков чекор.

Ново евроскептично движење, наречено “Алтернатива за Германија”, составена главно од универзитетски професори и бизнисмени, ќе оствари прва средба во северното предградие на Франкфурт. Еден од основачите е професорот по економија Бернд Луке кој се надева дека без поголеми проблеми ќе ги соберат потребните 2.000 потписи во секоја област на земјата, за да учествуваат на парламентарните избори во септември.

Слоганот на движењето е “Да ставиме крај на еврото”.

„Сојузна Република Германија ја преживува најтешката криза во историјата. Воведувањето на еврото беше фатална грешка, кој го загрозува нашиот просперитет. Старите партии знаат само да се жалат и веќе се исцрпени. Тие не сакаат да ги признаат грешките и истите да ги поправат” стои во соопштението на асоцијацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП