7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо влезот во ЕУ сонувале шопинг, добиле пазар

Со влезот во ЕУ сонувале шопинг, добиле пазар

pazar

Влезот во Европската Унија за Унгарија, Бугарија и Романија, како и на државите од околината, како што е Словенија, не им донесе подобар живот.

Економските показатели говорат за состојбите во овие земји, од влезот во европското друштво до денес, дека континуирано и значително се полоши. Надворешниот долг вртоглаво расте, зголемена е невработеноста и расте сиромаштијата.

Кога станува збор за надворешниот долг, најлошо помина Романија, пред влезот во ЕУ во 2003-та тој им изнесуваше 18 милијарди долари, а сега им достигна до неверојатни 136 милијарди долари.

И долгот на Унгарија порасна за 100 милијарди долари, односно од 42 милијарди во 2003-та, до дури 146 милијарди.

Во Бугарија долгот се зголеми од 12 на 39 милијарди, но и на Словенија не и беше ништо подобро. Тие пред да се приклучат во европското семејство должеа околу 11 милијарди, а сега оваа бројка достигна до 61 милијарди долари.

Другите податоци покажуваа дека со пристапувањето во ЕУ на овие држави, покрај надворешниот долг, дојде и до зголемување на невработеноста.

Па така во Унгарија невработеноста се дуплираше. Слична е состојбата и во Романија, но масовното заминување на работници од овие земји во западните држави формално ја ублажи стапката на невработеност.

Податоците покажуваат дека невработеноста во Унгарија во периодот од 2004 до 2011 година се зголеми од 5.9 проценти на 10. 9 отсто, во Романија од 2007 до 2011 година невработеност се зголеми од 4.5 отсто на седум проценти, а во Словенија од 6.4 проценти на 10.8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП