Акциите на најголемата социјална мрежа во светот поскапеле за 220% во последните две години, со 38% за изминатата година и со над 8% за последните шест месеци.
Пред околу една недела, на 24-ти март, акциите на компанијата достигна нов историски рекорд. Иако тие забележаа мал пад во последната недела, пазарната капитализација на компанијата веќе е над 230 милијарди долари.
Што се крие зад порастот на акциите на компанијата? Еве некои од причините прикажани со графика од Офир Готлеб, извршен директор и ко-основач на „Capital Market Laboratories“.
На прво место стои растот во приходите на компанијата. Таа успева да расте со исклучително темпо, и станува се поголема и поголема. Приходите на компанијата се зголемија од околу 730 милиони долари, кога станува јавна, до над 3.8 милијарди долари во последниот квартал.
На второ место е профитот на компанијата. За разлика од повеќето компании ориентирани кон раст, „Facebook“ успева да го материјализира растот на приходите во профит. На графиконот подолу се гледа како профитот расте. Профитот се зголемува од малку над нулата во 2013-та година до над 12 милијарди долари по даноци за изминатата година.
За да се разбере правилно суштината на компанијата и нејзиниот успех, може да се спореди растот на приходите и профитот со оние на останатите големи компании во технолошкиот сектор со приходи над 50 милијарди долари.
Ниту една од наведените компании не забележа раст на профитот поголем од 40%. За споредба, профитот на „Facebook“ се зголемува за 90% во изминатиот квартал.
Нешто повеќе, ниту една друга компанија не регистрира раст во приходите поголем од оној на „Facebook“.
Компанијата е исклучително ефикасна и во однос на приходи генерирани од вработен. Со исклучок на „Apple“, која е недостижна на врвот на оваа листа, ниту една друга компанија не се одликува со повисок показател од „Facebook“.
Бизнисот во секторот е исклучително динамичен и бара постојани инвестиции во нови технологии. „Facebook“ резервира 0.28 центи од долар приходи за истражување и развој.
За споредба, следниот на листата е „Intel“ со распределба од 20 центи од долар. „Apple“ резервира помалку од 4 центи од долар приходи за истражување и развој.
Единствениот сериозен ризик пред компанијата е поврзан со нејзината висока оценка. Еве како се преставува тој (на горниот график), во споредба со останатите во однос на популарниот сооднос цена-продажба.