10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПод маски за „Скопје се смее“ децата се препуштија на фантазијата

Под маски за „Скопје се смее“ децата се препуштија на фантазијата

Image (18)

На традиционалниот првоаприлски маскенбал, децата во Скопје се прошетаа маскирани во принцези и принцови, кралици, кловнови, ликови од стрипови и цртани филмови, спајдермени и бетмени.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ги поздрави децата на забавата под маски „Априлијада 2014-Скопје се смее“, што традиционално ја организираат Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје.

„Со овој традиционален првоаприлски маскенбал, Скопје се приклучува кон многуте светски градови кои организираат вакви манифестации. Денеска од претпладне па сé до доцните вечерни часови, граѓаните на Скопје, од сите возрасти, на плоштадот Пела, кај Порта Македонија, ќе имаат можност да се забавуваат, дружат и да се шегуваат. Први април е денот кога е дозволено децата, учениците, студентите и граѓаните на Скопје, да се препуштат на својата фантазија и креативност, маскирајќи се во принцези и принцови, кралици и кралеви, во омилените ликови од цртаните филмови и стрипови, во бетмени, спајдермени, кловнови, самовили и сл.“, рече Трајановски

Додаде дека „преку шаренилото на бои, фигури и маски, со различни мотиви и теми, збогатено е скопското секојдневие преку маскембалската магија, заедно со звуците на музиката, играта и забавата“.

Првиот дел од манифестацијата „Априлијада 2015“ е наменет за децата од градинките, сите училишта и граѓани на град Скопје. На забавата, којашто се одржа на просторот пред „Порта Македонија“, можеше да видиме принцези, самовили, шеици, бетмени, супермени, како и настапите на децата од Златно славејче и  на танцовите групи од повеќе основни училишта од Скопје.

Ноќната забава ќе почне вечер во 21 часот, а присутните ќе се забавуваат со: Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, групата The noise makers и  Диџеј Бабура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП