14 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Продажбата на златници во февруари се зголеми

САД: Продажбата на златници во февруари се зголеми

orel1

Продажбата на златната монета Американски орел „American eagle“ во февруари се зголеми за неверојатни 238 проценти, во споредба со истиот период минатата година, додека продажбата на сребрената монета е двојно зголемена, изјави ковачницата „US Mint“

Според најновиот извештај кој го објави „US Mint“, во февруари оваа година продадени се 80,500 унци од најпопуларниот американски златник „American eagle“, во споредба со 21,000 унци во истиот период минатата година.

Во првите два месеци од 2013 година, продадени се вкупно 230,500 унци златници „American eagle“, што претставува раст за 56 проценти во споредба со 148,000 унци кои беа продадени во истиот период минатата година.

Вкупната продажба на златници во текот на јануари и февруари 2013 година изнесува 430,500 унци. Минатата година, во првите два месеци беа продадени 283,500 унци.

„US Mint“ исто така, објави дека во февруари 2013 година продадени се 3,368,500 унци од сребрениот Американски долар, што е зголемување од 126 проценти, во споредба со продадените 1,490,000 кои беа продадени во февруари 2012 година.

За првите два месеци оваа година беа продадени вкупно 10,866,500 примероци од сребрениот Американски орел, што е за 43 проценти повеќе од истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП