17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Мерките за штедење предизвикаа протести

Шпанија: Мерките за штедење предизвикаа протести

protest1

Голем број на граѓани се собраа во Мадрид, каде што ја повикаа владата да се откаже од мерките за штедење кои ја уништуваат економијата. Илјадници луѓе излегоа на протестите да го изразат своето незадоволство поради начинот на кој власта се справува со кризата и корупцијата.

Стапката на невработеност ја премина границата од 26 проценти. Големите буџетски намалувања ги погодија сите сектори, од образованието до здравството.

Илјадници луѓе останаа без својот дом бидејќи немаа пари да ја платат ратата од кредитот.

Гневот на граѓаните во последниве месеци беше предизвикан и од корупциските скандали кои го потресоа државниот врв и владеачката партија, но и кралското семејство.

„Тука сме поради мерките за штедење, бидејќи најмногу погодени се секогаш најслабите. Владата сака да ги уништи темелите на оваа држава, здравството и образованието. Има многу невработени млади луѓе, тие повеќе не ја гледаат иднината во Шпанија“, изјавија учесниците на протестите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП