Стапката на инфлација во Кина се зголеми на највисоко ниво во последните 10 месеци, бидејќи цените на храната за кинеската Нова година се зголемија.
Потрошувачките цени се зголемиле за 3,2 проценти на годишно ниво, а цената на храната се зголемила за 6 проценти.
Инфлацијата во Кина е жешка политичка тема. Поради големиот раст на потрошувачките цени, владата е приморана да ја заостри монетарната политика, што ќе има негативно влијание на економскиот раст.
Владата очекува цените во оваа година да се зголемат за 3,5 проценти.