„Sony“ објави дека започнува продажбата на очилата со додадена реалност „SED-E1 SmartEyeglass“. Уредот веќе се продава во 10 земји, а доаѓа во т.н. „Developer Edition“, соопштува интернет изданието „VentureBeat“.
Тоа значи дека макар и да се продава слободно, уредот не е целосно завршен и е предвиден најмногу за креатори на апликации и „запалени“ фанови на технологијата. Цената исто така го сугерира тоа, бидејќи е 840 долари.
На прв поглед „SED-E1“ се обични очила. Тие сепак можат да отсликаат информации пред очите на корисникот. Информацијата може да биде поинаква, како од љубопитните податоци за обележје, така и распоред на автобусите на некоја станица, на пример. Очилата имаат вграден „GPS“ приемник и можат да отсликаат инструкции за движење.
На располагање е и вградена камера. Има и можност за гласовно пребарување на информации на интернет, ако се поврзани со потребниот модул или смартфон. Во зависност од интересот на потрошувачите и коментарите, ќе биде решено за иднината на очилата и дали тие ќе станат производ кој ќе биде масовно понуден, или ќе го отстапат место на очилата за виртуелна реалност, кон кои многу производители имаат големи очекувања.