3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на инсталации и рентген слики во Прилеп

Изложба на инсталации и рентген слики во Прилеп

izlozba prilep32

Изложбата ,,In – out – illumination’’ од Благојче Наумоски- Бане, кој ќе се претстави со 14 дела – инсталации и слики рентген, ќе биде отворена во петок, во 19 часот во галеријата на ЦК „Mарко Цепенков“.

Универзумот е само енергија, кондензирана во бавна вибрација, сите ние сме една свест која субјективно ја доживуваме.

„Во првиот дел од решението говорам за две форми на енергија (Протомордијална и трансцедентална енергија кои што се практична примена на извор на енергија од чија што основа се извлекува енергија) не мислам дека во суштина тие се различни.

Во вториот дел го имплицирам проблемот на енергијата сега во сосема поинаков медиум, проширувајќи го концептот за енергијата гледајќи од аспект на источните мистици, така што во едниот сегмент од решението се работи за духовен проток на енергијата и енергетското поле кое ја опкружува секоја личност, место и тело, додека во другиот експериментирањето на модерната физика и во двата дела изразено преку цртежот“, вели уметникот за своите дела.

Благојче Наумоски Бане дипломирал на ФЛУ во Скопје во класата на проф. Рубин Корубин. Во 2009 година магистрирал во класата на проф. Јован Шумковски. Од 2007 година е член на ДЛУМ. Од 2009 г. е член на арт групата И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.  каде активно учествува во сите проекти. Од 2012 г. работи како асистент на Факултет за арт и дизајн при Европскиот универзитет на  Македонија. Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во земјата, во Германија, Словенија, САД, Франција, Израел, Чешка, Полска, Бугарија, Косово, а учествувал на повеќе перформанси и на  ликовни колонии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП