25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC направи телефон за Facebook

HTC направи телефон за Facebook

HTC-Myst

„HTC“ го претстави новиот модел „Myst” кој е создаден во соработка на три големи компании, а во него веќе има инсталирано „Facebook“, „Messenger“ и „Instagram“.

Речиси две години откако компанијата HTC го претстави моделот „status“, кој е направен во соработка со „Facebook“ и „AT & T“, пристигнува нов телефон кој ќе биде фокусиран на „Facebook“.

Новиот модел е HTC “Myst”, исто така е направен од страна на истите три компании како и моделот „status“. Поседува 1GB RAM и 16GB внатрешна меморија, но нема да поддржува микро SD картица. Процесорот ќе биде „dual-core“ на 1.5GHz, а ќе го користи Андроид оперативениот систем 4.1.2. Екранот ќе биде 4.3 инчи и задната камера ќе биде од 5 мегапиксели, додека предната камера ќе биде од 1.6 мегапиксели.

Овој модел доаѓа со веќе инсталирани апликации на „Facebook“, „Messenger“ и „Instagram“.

Иако имаше гласини дека „Facebook“ планира да направи свој телефон, Марк Цукенберг изјави дека тоа ќе биде лоша стратегија за компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП