9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го луксузниот Huma Island Palawan Spa Resort (фото)

Посетете го луксузниот Huma Island Palawan Spa Resort (фото)

huju1

„Huma Island Palawan Spa Resort“ ресортот со пет ѕвездички се наоѓа во кристално чистиот архипелаг Бусуанга, во неверојатно и магично природно опкружување…

Ви нуди прекрасен панорамски поглед на чистите сини води, во кои се наоѓаат историски потонати бродови од Втората светска војна, како и можност за истражување на вистинската убавина на природата. Грациозно сместување, недопрен морски свет и историски елемeнти од Втората светска војна се работи кои ја поставија оваа локација на врвот на листата на најдобрите места за нуркање. Овој ресорт има своја приватна плажа и нуркачки центар. Покрај истражувањето на потонатите бродови од Втората светска војна, овде можете да уживате и во бројни други активности.

Овој луксузен спа ресорт, инаку инвестиција вредна повеќе милиони долари, се состои од 81 вила, од кои 64 се издигнати над вода, а секоја има свое приватно џакузи. Има одлични погодности како што се големиот инфинити базен, јога павилјонот и неверојатните спа третмани во спа центарот кои има стаклен под.

Други погодности кои ве очекуваат овде се библиотеката, фитнес центарот и клубот за деца. Исто така, тука се и петте ресторани, меѓу кои и италијанскиот „Al Dente“ и целодневниот ресторан „Waves“, кој во својот дел има и „Blu Bar“ во кој можете да се освежите со вкусни коктели и закуски.

Инаку, овој остров е олицетворение на приватноста и мирот. До него се доаѓа со авион или со луксузен брод, а кога еднаш ќе пристигнете на него, нема да сакате да го напуштите.

huju2

huju3

huju4

huju5

huju6

huju7

huju8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП