2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПогледнете што поседува Бил Гејтс

Погледнете што поседува Бил Гејтс

bil3

Погледнете што поседува вториот најбогат човек во светот Бил Гејтс…

Познатиот американски бизнис магнат, филантроп, писател и претседател на Мајкрософт, поседува богатство кое се проценува на повеќе од 61 милијарди американски долари. Овој 56-годишен бинзисмен се наоѓа на четвртото место на најмоќни мажи во светот.

За разлика од автомобилите кои не му се премногу интересни, Бил Гејтс е страствен колекционер на уметнички дела, вредни книги и сопственик на неколку слики, чија вредност достигнува неверојатни 36 милиони амрикански долари. Станува збор за сликата „Lost on the Grand Banks“, која американскиот бизнисмен ја купи во 1998 година.

lost1

Освен ова дело на Винсолоу Хомер, Бил Гејтс во својата колекција на уметнички дела ги поседува сликите:

„Polo Crowd“

polo1

„Room of Flowers“

room1

„The Nursery“

nur1

„Distant Thunder“

distand1

Освен сликите во неговата колекција се издвојува и книгата „Codex Leicester“, вредна 308 милиони америкаснки долари. Гејтс ја купи оваа книга во 1994 година, таа е најскапата книга која некогаш е продадена на аукција.

kniga1

Кога станува збор за патувањата, Бил Гејтс е страствен љубител на кампувањето, негова омилена дестинација за кампување е Гренланд.

kamp1

Исто така, тој поседува егзотичен остров „Grand Bogue Caye“. Овој неверојатен остров претставува импресивен рај на земјата. Неговата цена е околу 25 милиони американски долари.

ostrov1

На брегот на езерото „Вашингтон“ во Медина, Вашингтон се наоѓа домот на овој милијардер. За дизајнот на неговиот дом беше задолжен Џејмс Катлер. Овој имот се простира на 4.600 квадратни метри. Поседува базен (5,1 х 15,2 метри), автоматско осветлување на целиот објект, пространа библиотека, две трпезарии, две дневни соби, канцеларија, теретана, импресивен аквариум, тениски терени, приватна плажа, кино сала… Целиот имот е опремен со најсовремена „паметна“ технологија… Проценетата вредност на овој суперлуксузен имот изнесува повеќе од 200 милиони амрикански долари, а годишната такса изнесува 990.000.

hause1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП